Четири гостински победи и едно реми на првите пет меча од 4. коло на Бундес лигата. Во најинтересниот натпревар Хофенхајм-Борусија Дортмунд на кој,  да бидеме искрени, очекувавме многу голови падна само еден погодок кој беше доволен за гостите да ги однесат бодовите. Стрелец беше Марко Ројс во 76 минута. Во Мајнц истоимената домашна екипа изгуби од Баер Леверкузен со 0:1. Голот за победа на „фармацевтите“ го постигна Луис Аларио во 30 минута.

Штутгарт ја впиша втората победа во шампионатот, а славеше на гости кај Херта со 2:0 со погодоци на Кемпф и Кастро. За берлинците ова е трет пораз сезонава.

РБ Лајпциг со 2:0 славеше на гостувањето кај Аугзбург. Во првото полувреме реализираше Анхелињо, а во второто Поулсен за трета победа и скок на чело на табелата со 10 бодови.

А 1:1 заврши дуелот меѓу Фрајбург и Вердер. Домаќините поведоа преку Линарт во 16 минута, а изедначи Фулкруг во 25 минута од пенал.

Вечер играат Арминија – Баерн и Борусија Менхенгладбах-Волфзбург.