Тренерот на Вардар Александар Васоски беше разочаран и револтиран од високиот пораз од Шкендија со 5:1 и од изданието на судиите на денешното дерби.

Сакам во името на стручниот штаб и играчите да им се извинам на навивачите за тешкиот пораз од Шкендија. Грешката ќе ја бараме кај нас, но мора да се напомене и катастрофалната судиска тројка на чело со Гоцевски, затоа што имаше два  чисти пенали за Вардар, a третиот гол на Шкендиа е од офсајд. По кој знае кој пат Вардар против Шкендија е драстично оштетен. Ова веќе губи секаков смисол. И џабе пишувам кога пак ќе биде народната „Кучињата лаат, а караванот си врви“, напиша Васоски на Фејсбук.