Во Втората лига – Запад се играа четири од петте натпревари од 8.коло. Лабуништа Тетово и Кадино својот натпревар ќе го играат утре во Боговиње, а денеска во ова тетовско село домашната Дрита го дочекува составот на Скопје, еден од најдобрите тимови во лигата, кој сега е втор на табелата во ова конкуренција.

Дрита е во незгодна ситуација, и секако дека ќе се обиде да го изненади фаворитот. И на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни.

Лидерот Гостивар игра дома со Вардар (Форино), можеби ова е дерби на колото, а Кораби во Дебар го дочекува Охрид, и тука ќе има многу борба во текот на сите 90.минути. Во последниот меч од ова коло, екипата на Велешта, која е трета на табелата, оди на три бода против Велазерими.

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

КОРАБИ – ОХРИД

ГОСТИВАР – ВАРДАР (Ф)

ВЕЛЕШТА – ВЕЛАЗЕРИМИ

ДРИТА – СКОПЈЕ

УТРЕ:

ЛАБУНИШТА ТЕТОВО  – КАДИНО

ТАБЕЛА

1.ГОСТИВАР 17

2.СКОПЈЕ 14

3.ВЕЛЕШТА 12

4.КОРАБИ 11

5.ВЕЛАЗЕРИМИ 10

6.КАДИНО 9

7.ОХРИД 9

8.ВАРДАР (Ф) 8

9.ДРИТА 3

10.ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 3