Со мечевите од 8.коло денеска продолжуваат возбудувањата во Втората лига – Исток. И одново во центарот на вниманието ќе биде настапот на Брегалница и Тиквеш, аспирантите за првото место, екипите кои се на делба на врвот на табелата. Брегалница гостува во Могила, каде се очекува да дојде до триумф над Победа. Иако нема да биде лесно, прилепчани знаат да бидат опасни, посебно на свој терен.

Тиквеш пак во Росоман оди по трите бода. Кавадарчани ќе гостуваат на теренот каде во последно време се домаќини. Во Пехчево домачниот Кит Го посакува нова радост, овојпат против Слога Виница, во некоја рака ова ќе биде и соседско дерби. Осогово му е гостин на тимот на Каменица Саса, додека последната Плачковица сака три бода на мечот со Кожуф.

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

КИТ ГО – СЛОГА (В)

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

РОСОМАН – ТИКВЕШ

КАМЕНИЦА САСА – ОСОГОВО

ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ

ТАБЕЛА

1.ТИКВЕШ 17

2.БРЕГАЛНИЦА 17

3.КОЖУФ 12

4.ПОБЕДА 8

5.КИТ ГО 8

6.СЛОГА (В) 8

7.КАМЕНИЦА САСА 7

8.ОСОГОВО 7

9.РОСОМАН 7

10.ПЛАЧКОВИЦА 4