И дефинитивно Антонио Митрев е херојот на Брегалница. Се играше 90+5.минута на стадионот на Могила, кога стоперот стрелаше во мрежата на Победа за 2:1. Голема, екстра значајна победа на “сините“. Претходно Димоски погоди за домашните, а Дарко Стојанов за гостите.

Тиквеш со нова убедлива победа, овојпат среде Росоман со 4:0. Мојсов, Гроздановски, Лазаров и Вареловски стрелаа за останување на првото место на табелата во Втората лига – исток. Попладнево се одиграа и сите преостанати средби од 8. коло. Кит Го дома со Слога Виница одигра 1:1, Саса и Осогово ремизираа без голови, а Плачковица и Кожуф одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО

КИТ ГО – СЛОГА (В) 1:1

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 1:2

РОСОМАН – ТИКВЕШ

САСА – ОСОГОВО 0:0

ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ 1:1

ТАБЕЛА

1. ТИКВЕШ 20

2. БРЕГАЛНИЦА 20

3. КОЖУФ 13

4. КИТ ГО 9

5. СЛОГА В 9

6. ПОБЕДА 8

7. САСА 8

8. ОСОГОВО 8

9. РОСОМАН 7

10. ПЛАЧКОВИЦА 5