Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека чека вести за сериозните повреди на Вирџил ван Дајк и Тијаго Алкантара. И двајцата се повредија по жестоки стартови на фудбалерите на Евртон на денешното градско дерби во Ливерпул.

Ван Дајк беше заменет по стартот на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, а

Алкантара го одигра целиот натпревар, но Клоп изјави дека Шпанецот се почувствувал нелагодно по стартот на Ричардсон, по што Бразилецот доби црвен картон во 90. минута.

„Кога го напуштив теренот, Тијаго ми рече дека е повреден. Ќе видиме дали е тоа вистина, но тој смета дека треба да се погледне” , рече Клоп. За Ван дајк вели дека ситуацијата не е добра.

„Не е добро. Вирџил одигра многу натпревари по ред, но не можеше да продолжи и денес, па затоа не е добро”. Постои страв дека ван Дајк ќе мора да паузира подолго, според медиумите од Островот, дури и до осум месеци.