Веројатно Валон Ахмеди беше играч на натшреварот, постигна два гола, имаше неколку одлични додавања, над него беше направен и пенал, но Бесарт Ибраими и на овој меч го тресеше Вардар, ја тресеше мрежата на лутиот ривал. Инаку ова беше негов десети гол како играч на Шкендија против Вардар. Да потсетиме дека Бесарт во Шкендија дојде летото 2015 година. Кога сме кај “бомбардерот“ да кажеме дека овој негов гол беше осми сезонава, повеќе има само Дарбо од Шкупи, кој постигна девет гола.

Но затоа овој попладневен гол на Бесарт Ибраими во големото дерби, кое заврши со 5:1 за Шкендија, е неговиот 175 во ПМФЛ.