Правев се што беше потребно за да заиграм за првиот тим“, изјави Том Бревит, некогашниот фудбалер на Ливерпул кој пред неколку сезони си мислеше дека за него има место во првата екипа на тој клуб.

Беше капитен на младинскиот тим, го преводеше до финалето на младинскиот ФА Куп, но силно сакал да дебитира за првата екипа и не бирал средства како да стигне до таму.

Ако требаше да повредам некого или да го прекинам пријателството ќе го направев тоа. Само сакав да играм на Ливерпул. Очајно го посакував местото“, разкажува Бревит.

Во првата сезона со Клоп на клупата на Ливерпул пред дуелот со Екситер неколку дефанзивци биле повредени, а Бревит мислел дека ова е шансата за да заигра за првиот тим.

Знаев дека во младинскиот тим има еден играч за кој не сакав да ми стои на патот до првиот тим. Заклучив дека тоа е изборот, или тој или јас. Еден ќе биде во првиот тим. Почнав да играм грубо против него на тренинзите, го удирав за време на натпреварите но не да го повредам јако, туку доволно да не може да игра. Додека се дружевме надвор го сопнував, туркав демек од шега, но се надевав дека ќе се лизне, ќе падне и ќе се повреди “, вели Бревит кој сега е без клуб.

Се работи за Даниел Клири соиграч и пријател на Бревит. Ситуацијата кулминирала за време на еден тренинг кога Бревит лошо го удрил Клири кој потоа две недели користел штеки. Но ниту еден од нив не влегол во планот на Клоп за споменатиот меч со Екситер, ниту на следните натпревари на Ливерпул.

Планот пропадна. Клоп го премести Хозе Енрике на местото на централен дефанзивец, а Тијаго Илори вратен од позајмица од Астон Вила“, додава разочараниот играч.

Бревит по таа сезона го напуштил Ливерпул и се преселил во Мидлзбро, но ни таму не играл, па потоа бил дел од Фајлд и Морекамб. Сега е слободен фудбалер во потрага по клуб.