Попладнево од 14:30 часот на Арената во Скопје, силите ќе ги 0дмерат Вардар и Шкендија. Тоа е меч од 9.коло во ПМФЛ. Тоа е дерби, големо дерби во мак-фудбалот. Дарко Мицевски, еден од најдобрите фудбалери на Вардар за дуелот со лутиот ривал вели:

„Не очекува навистина тежок натпревар. Не знам како ќе се одвива мечот, но сигурно е дека сакаме победа. Но, во нашата ситуација во која се наоѓаме добро би било да играме и нерешено, иако ќе пробаме да победиме. Знаете дека почнавме подоцна, имавме проблеми, не се воигравме доволно. Но, еве, поминаа два месеци, веќе сме добро воиграни, новите играчи добро ги сфаќаат задачите од тренерот, сега сме поискусни, одигравме неколку натпревари заедно. Секако мораме да ја респектираме Шкендија, први на табелата се и секако дека одреден респект мора да се има. Ние ќе дадеме максимум, и се надеваме дека тоа ќе биде доволно за добар резултат. Добро е што и ние влеговме во една добра серија, и се надевам дека ќе ја продолжиме и против Шкендија“ заврши Мицевски кој на мечот со Грузија го имаше своето деби за нашата најдобра репрезентација.