Време е за викенд дербија во фудбалска Европа. Со оглед на тоа дека не смее да се оди на стадион, треба да се земат далечинските в рака и да се “шалта“ по ТВ каналите. А навистина ќе има што да се види. Се играат барем 15 дерби натпревари во Европа, и тоа во повеќе земји. Меѓу нив и она од Македонија како мега – дербито помеѓу Вардар и Шкендија кое се игра денеска од 14:30 часот. Се разбира дека најзвучно некако е она во Милано, како и она градското во Ливерпул.

Нема што, врзете се – полетуваме.

ДЕРБИ НАТПРЕВАРИ ВИКЕНДОВ

САБОТА:

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (14:30 Ч)

ЕВЕРТОН – ЛИВЕРПУЛ (13:30 Ч)

МАНЧЕСТЕР СИТИ – АРСЕНАЛ (18:30 Ч)

СЕЛТИК – РЕНЏЕРС (13:30 Ч)

ИНТЕР – МИЛАН (18:00 Ч)

СПОРТИНГ – ПОРТО (21:30 Ч)

НЕДЕЛА:

ПАРТИЗАН – Ц. ЗВЕЗДА (17:00 Ч)

ЦСКА МОСКВА – ДИНАМО МОСКВА (15:30 Ч)