Некогашниот бразилски репрезентативец, Робињо пред седум дена потпиша договор со Сантос и беше најавен како големо засилување. Но, соработката меѓу двете страни кратко траеше.
Робињо и Сантос се договорија да го раскинат договорот, причината е судскиот процес кој во Италија се води против Бразилецот.
„Сантос и Робињо заеднички се договорија да ја раскинат соработката. Договорот кој беше потпишан на 10. октомври е суспендиран со цел фудбалерот да може да биде максимално посветен на својата одбрана во процесот кој се одвива во Италија“, известија од таборот на бразилскиот клуб.
Робињо во Италија е обвинет за силување.