Челзи направи кикс на домашен терен во дуелот со Саутемптон во англиската Премиер лига. „Сините“ имаа убава предност до 43 минута кога со головите на Тимо Вернер поведе со 2:0, но пред крајот на првиот дел гостите намалија преку Дани Ингс.

На почетокот на вториот дел Адам го изедначи резултатот после лошата реакција на Ридигер, но и уште полошата на голманот Кепа. Сепак, само две минути подоцна Челзи повторно дојде до предност (3:2) со голот на Каи Хаверц. И предноста екипата на Лампард ја држеше до втората минута од судиското продолжение на натпреварот, а тогаш погоди Вестергард за конечни 3:3.

Ова е трет пат по ред Саутемптон да го шокира Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Минатата сезона го совлада со 2:0, а пред тоа одигра 0:0.