Според медиумите во САД, Лејкерси во следниот период ќе се обидат да креираат голема тројка за следната сезона.

Покрај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис (ќе потпишат нов договор), во тимот треба да се приклучи познатиот плејмејкер, Крис Пол.

Пол со години се поврзуваше со Лејкерси, сепак никогаш не го облече дресот на овој клуб. По Њу Орлеанс играше за Клиперс, Рокетс и Тандерс.

Но, сега конечно може да заврши во таборот на „езерџиите“. Во својата кариера имаше просек од 18,5 поени и 9,5 асистенции по натпревар.