Милан го совлада Интер со 2:1 во дерби натпреварот од 4. коло на Серија А и изби на чело на табелата со 12 бодови.

Инаку со двата гола на Златан Ибрахимовиќ Милан поведе со 2:0. Тоа беа два брзински голови на шведскиот ас. При првиот сам избори пенал и го изведе. Голманот на Интер му го одбрани ударот од 11 метри, но Швеѓанецот дојде до одбиената топка и ја смести во мрежата.

Само четири минути подоцна Златан го постигна вториот гол на мечот. Рафаел Леао нафрли од страна, а Швеѓанецот го совлада Хандановиќ.

Во 28 минута Ромелу Лукаку ја искористи збунетоста на гостинската обрана и го намали резултатот.

Во второто полувреме и покрај убавата игра од двете екипи и шанси мрежите мируваа. Во 74 минута Донарума го собори Лукаку меѓутоа после консултација на судијата со колегите од ВАР собата досуди офсајд на Белгиецот.

Image

Играта продолжи, а Милан го приврши мечот до крај и освои драгоцени три бода. Милан е лидер на табелата со четири победи од четири меча, а Интер го запиша првиот пораз сезонава.

На другиот меч во истиот термин Сампдорија на свој терен го совлада Лацио со 3:0. Претходно Наполи со 4:1 ја победи Аталанта.

Standings provided by SofaScore LiveScore