Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски, со својот втор погодок во дресот на МТК оваа сезона, ја најави вечерашнава победа на неговиот тим во унгарскиот шампионат на гостувањето кај Пушкаш Академија. МТК обезбеди висока победа од 3:0, а Миовски беше стрелец на водечкиот гол во 4. минута.

МТК по седум кола во тамошниот шампионат со две остварени победи се наоѓа кон средината на табелата.