Голеада на „Сан Паоло“ помеѓу Наполи и Аталанта во рамките на 4.коло на Серија А. Се очекуваше голови на овој натпревари со оглед на стилот на игра на двата ривали, а Наполи ја победи екипата од Бергамо со 4:1 и воедно им го нанесе првиот пораз во оваа сезона.

Уште во првото полувреме домашните имаа водство од 4:0. Помеѓу 23 и 30 минута избраниците на Гатузо постигнаа три гола. Два пати погоди Лозано, а еднаш Политано. Пред крајот на првото полувреме и Виктор Осимен ја затресе мрежата на гостите.

Во второто полувреме Аталанта тргна со поинаква тактика и со доста изменет состав, а со тоа му пружи достоен отпор на Наполи. Постигна и гол за намалување на поразот преку Ламерс во 69 минута.

Ова е најубедлив триумф на Наполи над Аталанта во првенствен натпревар после 1993 година. Тогаш славеше со 4:0.