Ситуацијата сега е сосема поинаква, покрај празните стадиони, вториот бран на КОВИД-19 удира во Европа, а резултатите се голем број на заразени фудбалери со новиот коронавирус. Еден ден некој фудбалер може да игра, следниот ден не може. Тоа им создава големи проблеми на тренерите кои чекаат до денот на мечот за да видат кого ќе имаат на располагање.

„Дерби дела Мадонина“ е на денешната програма. Големиот меч меѓу Интер и Милан закажан за во 18:00 часот. Интер може да се смета за фаворит и покрај добрата форма на Милан. Пред се поради поквалитетниот играчки кадар, но дербијата секогаш се тешки за прогнозирање.

До пред некоја година „росонерите“ беа аутсајдери во дуелите со Интер, но сега може да се каже дека имаат одлични шанси за победа. Формата им е во нагорна линија, направија и одличен тим комбиниран со млади и искусни фудбалери. Пиоли ги сврте работите на подобро и со право се зборува дека Милан има шанси против Интер кој патем е вбројуван како еден од кандидатите за шампионската титула.

Да кажеме дека во 2020 година Милан има примено најмалку голови од сите италијански тимови (вториот дел од минатата и досега во новата сезона). Вкупно 22 примени голови. Тандемот Кјер и Ромањоли функционира во дефанзивата. Во нападот е Златан Ибрахимовиќ секогаш инспирација за играчите.

Негативниот тренд на Милан во градските дербија може да биде запрен. Интер ги доби претходните четири лигашки натпревари со Милан. „Нероаѕурите“ одамна немале ваква серија против соседот (од 1979 до 1983 година имале пет победи по ред).

Кај Интер во изолација се Бастони, Гаљардини, Најнголан, Раду, Шкрињар, Јанг, а повреден е Весино додека Сенси е суспендиран. Кај Милан вон конкуренција се Конти, Габија, Мусакио и Ребиќ.

 

СЕРИЈА А

ИНТЕР – МИЛАН
сабота, 18:00 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ или Х2&3+