Кој ли очекуваше дека супер – дербито бр.61 меѓу Вардар и Шкендија ќе заврши со резултат 1:5 за гоститте од Тетово. Посебно ако се знае што се се случуваше во првиот дел. Но Вардар останува само “детски“ Вардар, наивен, со многу желба, а со никаков квалитет. Овој Вардар како да стана ВРЕЌА ЗА БОКСИРАЊЕ за Шкендија, која победи со стил, која и при 5:1 атакуваше на гол повеќе, сакаше да се одмазди за оние 1:6 среде Скопје од пред една деценија. Но тоа беа некои други времиња, овој Вардар денеска е никој и ништо. Иако сакаше, иако имаше шанси, но крајниот резултат е 1:5, и тука нема веќе за што да се дискутира.

Васоски и во деветиот меч не знае како е да се победи Шкендија, а Вардар и во 13 меч во низа не знае за радост над тетовци.

Нема што, Шкендија за Вардар станува голем БАУК, Шкендија за Вардар во последните три и нешто години е сосема некоја друга димензија.

Дали и натаму овие мечеви заслужуваат да го носат епитетот – СУПЕР ДЕРБИ?