Нови проблеми со коронавирусот во Серија А. Имено Парма пријави, односно официјално објави дека има петтмина играчи кои се заразени со Ковид-19, но сепак побара и доби дозвола да го одигра утрешниот меч во Удине против Нестор и Удинезе. Меч кој започнува во 18 часот. Парма доби дозвола од здравствените власти да гостува во Удине, со оглед на тоа дека протоколот во Серија А вели дека секоја екипа може да го одигра натпреварот само во случај да има најмалку 13 фудбалери плус голман, а “млекарите“ тоа го имаат.

Инаку познато е дека пред две недели иако во Наполи имаше само двајца позитивни, еден од нив беше нашиот Елмас, сепак овој клуб не доби дозвола да гостува во Торино каде што требаше да игра против Јуве. Познато е дека овој меч заврши на “зелена маса“, и тоа со службена победа на “бјанко – нерите“.