Одлично, супер дерби на Арената во првите 45.минути. Вардар добар, има игра, има шанси и тоа барем 4-5, но Шкендија води со 2:1. Вардарци поведоа со голот на Попзлатанов во 11.минута по големиот кикс на Мурати, но по само четири минути Рамадани израмни со прекрасен гол. Ахмеди во 40.минута постигна убав гол за водство на Шкендија. Треба да се каже дека во 29.минута домашните бараа пенал, откако Кривак се чини играше со рака, барем така изгледа на ТВ снимката.

Се на се одлично, атрактивно дерби меѓу Вардар и Шкендија во првиот дел.