Нашата најдобра атлетичарка на средни и долги патеки, Адријана Поп Арсова настапи на Светското првенство во полумаратон што се одржа денеска во Гдиња, Полска. Трката за дамите старуваше во 11 часот, а според правилата се трчаа четири круга по 5.250 метри.

Поп Арсова истрча за време од 1:22:18 што беше доволно за 98 место во генералниот пласман.