Шампионот на НПЛ на Нов Јужен Велс, македонскиот тим на Рокдејл Илинден утринава со 3:0 го прегази “грчкиот“ Сиднеј Олимпик во меч кој многу нешта беа во игра. Стрелци на головите за “сонцата“ беа Нил, Вада и Касела, во меч во кој Рокдејл просто домiнираше во текот на целиот меч на задоволство на нашата, македонска, заедница во Австралија. Инаку ова беше полуфинален меч од НПЛ, и со оваа победа Рокдејл Илинден се пласира во големото финале.

Инаку Рокдејл Илинден е клуб кој е формиран во 1969 година од македонската дијаспора во Австралија.