Атлетико Мадрид денеска ја совлада Селта во гости со 2:0 и така ја запиша само втората победа оваа сезона во четвртиот меч во најсилната шпанска лига. Но оваа победа е вредна за тренерот на мадриѓаните Диего Симеоне. Тоа беше 200. победа на аргентинскиот стратег во Ла Лига.

Со тоа влезе во ТОП 10 на вечната листа на тренери со толку победи. Всушност Симеоне ја дели осмата позиција со Џон Тошак и Хеленио Херера. Сигурно тој ќе го подобри рекордот затоа што пред него со две победи повеќе е Виктор Фернандез, а пет повеќе има Хавиер Клементе.

Со 213 победи на позиција 5 е Ернесто Валверде, потоа 234 има Фердинанд Даучик, 259 има Хавиер Ируета, на второто место со 323 победи е Мигуел Муњоз, а апсолутен рекордер со 344 победи во шпанскиот шампионат е Луис Арагонес.