На неполн час пред големото дерби во ПМФЛ, меѓу Вардар и Шкендија, стратезите Александар Васоски и Ернест Ѓока ги “отворија картите“ и ги објавија стартните единасет во двете екипи. Вардар почнува со Илиќ, В. Велковски, Мицевски, Ѓурковски, Петковски, Лазаревиќ, Попзлатанов, Чарлстон, Мирчевски, Петровиќ, Најденов.

Шкендија пак ќе стартува со следните единаесетмина: Захов, Павич, Алими, Ибраими,Ахмеди, Дориев, Мурати, Дита, Кривак, Рамадани, Незири.

Ова големо дерби е бр.61 меѓу големите ривали, Вардар има 23 победи, Шкендија 22, а 15 меча завршиле без победник.

Александар Васоски досега се нема радувано на триумф над Шкендија, додека Бесарт Ибрами ако даде гол попладнево, тоа ќе му биде негов десетти како фудбалер на Шкендија против Вардар, инаку тој сезонава има постигнато седум голови, од кои четири од пенал, додека во ПМФЛ вкупно има 174 голови и е рекордер.

Главен судија е Марјан Гоцевски од Струмица.