Вардар играше, имаше шанси, посебно во првиот дел, но на крај Шкендија се радува на голема, убедлива и заслужена победа од 5:1. На крај може да се каже дека ова беше вардарова МИЗЕРИЈА. Одлично супер дерби бр.61, шанси и голови. На крајот тетовци се радуваа, зошто одиграа рутински, зошто во себе имаат квалитет кој Вардар евидентно го нема па затоа и вака убедлив пораз за момците на Александар Васоски. Тим кој уште ќе се сонува како е да се победи Шкендија, ова е 13 меч во серија во вардарци немаат триумф. Така и остана, се до следниот меч, до следното дерби. Тетовци пак покажаа дека се зрели за враќање на титулата во своите витрини.

МУРАТИ КИКСИРА, ПОПЗЛАТАНОВ ПОГОДУВА

Одлично прво полувреме. Атрактивно, отворено, на гол повеќе. Вардар подобар, рано поведи, и тоа во 11.минута со голот на Попзлатанов откако Мурати киксираше пред својот гол. Сепак Шкендија веднаш врати, и тоа со прекрасниот гол на Рамадани во 15.минута. Следуваше шутот на Ибраими, но Илиќ беше на своето место. И потоа Вардар имаше барем 3-4 шанси за гол, Мицевски шутираше во неколку наврати, но немаше среќа, потоа Петковски со глава, но Захов одбрани, па Најденов беше во шанси, но гол немаше па немаше. И тогаш Шкендија казни преку Ахмеди, откако претходно Ибраими и Дориев му креираа шанса, а Ахмеди шутираше прецизно нешто одлево за водство од 2:1.

ИБРАИМИ СТРЕЛА ЗА 3:1…

Само што започна вториот дел Мирчевски беше во шанса, но тука имаше реакција на Кривак, а вардарци бараа пенал. Претходно во 29. минута исто имаше спорен момент, но судијата Гоцевски не покажа пенал за Вардар. И одново Мицевски шутира, па Велкоски го делеа милиметри од изранување, но Вардар немаше среќа, никако.

И кога е така тогаш Шкендија знае да казни. Се играше 60.минута кога Павич нафрли пред голот на Илиќ, тука таа топка беше одбиена до осамениот Ибраими на кого не му беше тешко да погоди за 3:1. Ова е негов осми гол сезонава. Дури по овој гол како да спласнаа амбициите на Вардар, Шкендија беше таа која инсистираше во продолжение за зголемува на водството. Но тоа беше се од Шкендија. Се играше 80.минута кога Бесарт Ибраими прекрасно асистираше а Тотре осамен, рутински ја тресе мрежата за 4:1.

Во 85.минута пенал за Шкендија, Ахмеди беше фаулиран во казнетиот простор. Самиот Ахмеди го изведе прецизно за 5:1.

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:5 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи:/. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица).
Стрелци: Попзлатанов 11. (ВАР), Рамадани 15., Ахмеди 40., (п) 85,, Ибраими 60., Тотре 80, . (ШКЕ). Ж. Картони: Блажевски (ВАР), Ибраими(ШКЕ).

Играч на натпреварот: Валон Ахмеди (Шкендија).

ВАРДАР: Илиќ, В. Велковски, Мицевски, Ѓурковски (46. Мартинага), Петковски (66. Блажевски), Лазаревиќ, Попзлатанов, Чарлстон, Мирчевски, Петровиќ, Најденов.

ШКЕНДИЈА: Захов, Павич, Алими, Ибраими (84. Ес Сахал), Ахмеди, Дориев (77. Нафиу), Мурати (73. Зејнулаи), Дита, Кривак, Незири, Рамадани (46. Тотре).