Марк Андре Тер Штеген нема да биде подготвен за да застане на голот на Барселона, за големото дерби против тимот на Реал Мадрид. Мечот се игра на 24 октомври но првиот голман на Барса нема дотогаш да се опорави од операцијата на коленото која ја имаше летово, иако навивачите посакуваа такво нешто. Оваа информација ја потврди и тренерот Роналд Куман.

„Нема точен датум за неговиото враќање. Се зависи од процесот на рехабилитација. Со тоа нема брзање“ – изјави Куман.