По серија од три победи, актуелниот шпански шампион Реал (М) доживеа неочекуван шок на домашен терен и го претрпе првиот сезонски пораз. Вечерва момците на Зидан загубија од новакот Кадиз со 1:0 и со тоа ја прекинаа одличната серија на стартот на сезоната.

Единствениот гол беше постигнат во првото полувреме. Во 16. минута Ентони Лозано успеа да го најде патот кон мрежата на Куртоа, да ги шокира домашните, а потоа да не им дозволи ни по целиот притисок кој го направија да дојдат до израмнување. Вреди да се спомене дека Кадиз одигра брилијантно во дефанзива и не им дозволи на домашните да дојдат во сериозни ситуации за гол. Статистички, Реал упати само два директни удари кон гостинскиот гол.

За Кадиз ова беше трета победа која ги стави веднаш на врвот зад шампионот.

Standings provided by SofaScore LiveScore