Шкендија го демолира Вардар во Скопје што предизвика лавина задоволство во редовите на тетовските „црвено-црни“. По мечот, стратегот на Шкендија, Ернест Ѓока излезе со свој коментар за пресметката со Вардар.

„Не го започнавме мечот како што треба, направивме грешка и примивме гол. Но, мислам дека тимот реагираше брзо, постигнавме гол и така треба да се добијат овие натпревари. Среќен сум со одговорот што тимот го направи по примениот гол. Се боревме, трчавме, создававме шанси, ја поседувавме топката. Ова е она што ни треба, ова е она што го сакаме и покрај оваа победа што беше многу важна против овој противник, ние мора да бидеме фокусирани, да бидеме внимателни и да продолжиме да одиме напред“, вели стратегот на Шкендија.