Мечот помеѓу МАнчестер Сити и Арсенал вчера беше означен нормално како еден од најинтересните но во суштина беше доста здодевен. Заврши 1:0. Инаку, зошто денеска би се зборувало исклучиво само за глупавиот потег на Кун Агуеро, кој при една одлука на помошикот судија, инаку жена, ја допре со рака, за врат инаку строго забрането во Англија.

Премиер лигата одамна донесе правилник со кој најстрого се забранува секаков физички контакт со судиите, а Агурео дополнително ќе биде на удар затоа што се работи за жена.

А што е уште по трагично, ситуацијата беше за најобичен аут, кој ниту може ниту имаше некаква улога во целиот натпревар.