Џанлуиџи Буфон е жива легенда на Италијанскиот но и светскиот фудбал и како таков во моментов секој негов потег влегува во аналилите и ќе остане запомнет.

Тој вчера како стартер за тимот на Јувентус кој патем одигра само 1:1 на гостувањето кај Кротоне, го одигра 650. меч во Серија А, со што нормално е апсолутен рекордер. Во моментов Буфон има 42. години, но сеуште е активен и по авантурата во тимот на ПСЖ повторно се врати дома во Јувентус.

Тој дебитираше во најсилната Италијанкска лига во далечната 1994 година, а интересно е дека седум во неговите десет соиграчи вчера во дресот на Јуве не биле ниту родени тогаш.

Буфон досега има одиграно 917 мечеви, а на 420 од нив не примил гол.