Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола директно застана во одбрана на Кун Агуеро околу вчерашниот скандал ин физичкиот контакт помеѓу Аргентинецот и помошникот судија на мечот против Арсенал.

Агуеро тоа не смееше да го стори, јавноста во Англија бара драконска казна, но Гардиола пак застана во одбрана на својот пулен.

„Барајте сензационална вест на некое друго место, не и во овој случај. Кун е еден од најдобрите момци кои некогаш сум ги запознал, не правете драма од сето ова“ – им рече Гвардиола на новинарите по мечот.