Ковид-19 ја тресе Хрватска и тоа како. Локомотива Загреб го одложи мечот со Осијек поради неколку позитивни, а пред малку со свое соопштение искочи и Ријека, во кое се вели дека двајца играчи на тој клуб се позитивни.

За нас ова е интересна вест зошто многу добро е познато дека за тој клуб настапуваат двајца наши репрезентативци Дарко Велковски и Милан Ристовски. Овој вториот е во Скопје и заздравува од повредата, значи ни случајно не е меѓу тие двајца за кои клубот не дава податоци и нивни имиња.

Значи останува само да стравуваме дали еден од тие двајца позитивни е Дарко Велковски, еден од нашите најдобри фудбалери. Инаку Дарко вчера, поради поштеда, мечот со Вараждин го преседе на клупата.

Да се надеваме на добри вести од Ријека.