Денис Махмудов, 29-годишниот напаѓач роден во Велес, а има и холандски пасош, е веројатно ново име во редовите на Сиена. Италијански клуб кој сезонава настапува во Серија Д, а некогаш има настапувано и во елитните лиги во Италија. Од споцијалните мрежи на клубот се дознава дека тој вчера ги минал лекарските прегледи, и дека се договорил за едногодишен договор, но засега се чека на промоцијата.

Инаку Махмудов, кој некогаш важеше за голем талент, досега има играно за екипите на АГОВ, Ексцелзиор, Цволе,Спарта, Левски, Банантс, Телстар, Дордрехт, Пјуник, Роселаре. Во Сиена Македонецот Махмудов доаѓа како слободен играч, во последните неколку месеци тој немаше клуб.