Екипата на Реал Мадрид вчера прописно се обрука затоа што на домашен терен загуби од Кадис со 0:1. Сензационалниот пораз од екипа која од своето основање повеќето од времето го има минато во пониските лиги, тиражната Марка го објаснува како кривица исклучиво на тренерот на Мадриѓаните, Зинедин Зида, кој во старт направил лоша селекција на играчи за стартните единаесет кои во моментов не можеле да дадат она што е потребно.

„Во Реал не е се како што треба многу нешта. На пример Зидан. Тренерот на Реал погреши кога го составуваше тимот за овој меч затоа што во него сврсти играчи кои во моментов не се способни да бидат стартери. Потоа пред стартот на второто полувреме промени четворица од нив. Исцрпениот Модриќ секако дека не требаше да биде во почетниот тим, туку на негово место мораше да се најде Валверде.Тоа беше една од клучните грешки. Не може играч како Модиќ кој имал само еден тренинг откако се врати од репрезентацијата да биде главен играч во екипата“ – вели Марка.