Новото засилување за Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани денеска го имаше првиот тренинг со новиот тим.

Уругваецот се пресели во Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок, откако потпиша договор на 1+1 година. Според информациите, тој полека треба да влегува во ритам и можеби веќе за два дена ќе се појави во таборот на Солскјер за мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите.