Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон потврди дека Џордан Ају е најновиот фудбалер од Премиер лигата кој се зарази со Ковид-19. Тој имал позитивен тест во петокот кој му бил направен по враќањето од Гана, каде минатата недела беше со репрезентацијата.

Ају денеска не се појави на средбата со Брајтон, бидејќи веќе е во изолација, каде ќе помине најмалку 10 дена, а потоа треба да направи нов тест.