Ако бодот со Рома во Рим и можеше да се прифати како нешто не така лошо, тогаш синоќешното реми со Кротоне ги дигна на нозе сите во Јуве, а посебно разочарани и гневни се фановите на „бјанко – нерите“. Реално Јуве во првите четири кола има само една победа, таа “службената“ со Наполи која допрва ќе се разрешува по судови.

Тоа значи дека Јуве има очаен старт предводен од Андреа Пирло. Веќе се говори дека Пирло нема, барем засега, капацитет да ја задржи титулата во Серија А, а уште помалку да го нападне пехарот во Лигата на Шампионите.

Јас сум убеден дека ќе бидеме прваци“ постојано изјавува новиот стратег на Јуве, но и тој е свесен дека малку кој му верува на тие зборови, а најмалку тој си верува што зборува.

И кога е така, а така е, тогаш нормално е полека, но сигурно е да се говори за нови смени на клупата на гигантот од Торино.