Попладнево се играат пет мечеви од 9.коло во ПМФЛ. Вчера во дребито Шкендија го “торпедираше“ Вардар со 5:1 и тоа среде Арената во Скопје. Не се сомневаме дека и денеска ќе гледаме квалитетен прволигашки фудбал.

Посебно интересно ќе биде во Струмица, каде Академија Пандев го дочекува забревтаниот Шкупи, кој оваа сезона, па и под старо – новиот тренер Умит Каран, игра добро и е втор над табелата. Струмичани со враќањето на клупата на Тренчовски полека почнаа да бегаат од дното на табелата. Се очекува неизвесен дуел помеѓу две добри екипи.

Кој ли само можеше да претпостави, барем до пред месец – два, дека мечот во Велес меѓу Борец и Македонија ЃП, според местата на табелата, ќе биде дерби на колото. И двете екипи досега покажаа одлична форма, играат добро, победуваат, и затоа се при врвот на табелата. Во Велес ќе биде “жешко“.

РЕНОВА МОРА СО ПЕЛИСТЕР, СТРУЖАНИ ПРЕД ЛЕСНИ ТРИ…

Во Кратово екипата на Силекс го дочекува Работнички, тоа ќе биде дуел на двете екипи кои не знаат за победа веќе неколку кола. Ренова е пред многу тежок и важен испит. “Гипсарите“ како домаќини го дочекуваат Пелистер, и тие три бода им се повеќе од потребни. За разлика од нив екипата на Струга Трим Лум е во порекласирана ситуација. Се чини дека стружани денеска на свој терен не би требало да имаат никакви проблеми со очајната Беласица, која досега успеа да освои само бод.

 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА 14:30 Ч

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

А.ПАНДЕВ – ШКУПИ

СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА:

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:5