Работнички во изминатите осум кола нема резултати од кои би биле задоволни сите во таборот на клубот од Градски парк. Иако има најмалку порази од сите во ПМФЛ, само еден, подобра е само Шкендија која нема ниту еден, сепак петте ремија и двете победи придонесоа составот на Ратко Достаниќ да освои само 11 бодови. Недоволно според амбициите на клубот. А денеска “романтичарите“ ги чека пеколно гостување, во Кратово, кај Силекс, кој се уште се наоѓа во таа црна серија.

Работнички попладнево во Кратово, инаку мечот започнува во 14:30 часот, ќе настапи без својот капитен Горан Силјановски кој поради суспензија не може да им помогне на своите клупски колеги. Сепак  и без него момците од Градски парк се надеваат дека во најмала рака ќе останат непоразени, и дека ако им се укаже шанса би можеле да дојдат и до сите три бодови, иако во последно време Работнички тешко победува во Кратово.

Силекс пак исто има проблеми со играчкиот кадар, не може да играат оперираниот Горгиев, потоа суспендираниот Костовски, потоа Серафимовски.

Во секој случај ќе биде интересно и неизвесно.