Три дена откако во медиумите излезе информација дека фудбалерите на Барселона испратиле протесно писмо до челниците поради најавеното намалување на платите, дојдоа нови вести од Каталонија.

Свесни за тешката ситуација во клубот поради пандемијата коронавирус останатите фудбалери одлучиле да им дадат поддршка на првите луѓе, кои одлучија да им ја намалат платата за 30%. Приходот во каталонскиот гигант во минатата сезона е падна за 230 милиони евра.

Раководството на клубот планира парите дополнително да им ги исплати на играчите веднаш откако ќе се нормализира ситуацијата, но засега нема разбирирање од страна на голем дел од тимот.