Во интересен и богат со голови меч, фудбалерите на Рома го победија новајлијата во елитата Беневенто со 5:2 во последниот денешен меч од 4. коло на Серија А лигата. Гостите почнаа одлично и поведоа по само 5 минути игра со голот на Капрари.

Рома влезе сериозно во продолжението, па до одморот дури трипати ја затресе гостинската мрежа, но само два гола им беа признати. Прво Педро израмни на 1:1 во 31. минута, за 4 минути подоцна Џеко со својот прв гол вечерва да ја донесе „волчицата“ во предност од 2:1.

Во вториот дел Беневенто со истиот рецепт од првото полувреме успеа брзо да погоди и во 55. минута Лападула, кој најпрво го промаши пеналот, успеа да реализира за 2:2. Следуваше пенал и за Рома во 69. минута кој Верту го претвори во ново водство за 3:2.

Во 77. минута на сцена повторно стапи Џеко, кој со својот втор гол и донесе убедлива предност на својата екипа. Победата бр. 2 за Рома беше заверена со голот на Карлес Перез на минута пред крајот на регуларните 90. минути на средбата.

РОМА – БЕНЕВЕНТО ›

 

Standings provided by SofaScore LiveScore