Лионел Меси ова лето беше близу до трансфер во Манчестер Сити. Неофицијално, Аргентинецот имал личен договор со Пеп Гвардиола и премиер-лигашот, но пречката беше калузулата во договорот, според која сепак немаше право да го напушти каталонскиот гигант.

Меси остана во Барселона, тој ќе биде слободен играч дури на лето. Од таборот на Сити сакаат да го имаат поскоро, уште во јануари, па подготвија понуда до шпанскиот клуб „тепка“ 15 милиони фунти. Еден од најдобрите фудбалери во светот на лето може да замине како слободен играч, но „граѓаните“ им нудат на Каталонците шанса да заработат пред да истече договорот.

Останува да видиме дали Меси порано ќе тргне на пат кон Англија или ќе чека тоа да го стори ова лето.