И по четвртиот настап во новата сезона Астон Вила слави! На гостувањето кај Лестер во последниот меч од денешната програма во Премиер лигата, гостите од Бирмингем славеа со 1:0 со прекрасниот гол кој го постигна Рос Баркли во првата минута од судиското надополнување.

Астон Вила одигра храбар меч, влезе машки во секој дуел со фудбалерите на домашната екипа, а имаше и неколку одлични шанси за погодок уште во првиот дел. Не беа без шанси ниту домашните, но кога се чинеше дека средбата ќе заврши со најнепопуларниот резултат, на сцена стапи некогашниот фудбалер на Челзи, Рос Баркли, кој со фантастичен шут од дваесетина метри го погоди десниот долен агол од голот на Шмајхел и донесе нова победа за својот тим.

 

Вила покажа дека не биле случајни ниту една од минатите победи. Тимот на Дин Смит е единствениот во англиската елита со 100% ефект по четири одиграни кола и сосема заслужено се на самиот врв на табелата, каде пред нив е само Евертон кој има еден бод и еден меч повеќе од нив.

Standings provided by SofaScore LiveScore