Вирџил Ван Дијк можеби ќе треба да отсуствува до крајот на тековната сезона затоа што повредата со која се здоби на вчерашното дерби против Евертон кое заврши 2:2, му носи скинати лигаменти.

Стартот на голманот на Евертон врз него беше ужасен, Ван Дијк мораше веднаш да ја напушти играта, а прогнозите од Ливерпул не се сјајни, напротив се очајни кога станува збор за состојбата на Холанѓанецот.

Утре тој ќе треба да биде подложен на магнетна резонанса откако ќе спадне отокот на неговото колено, но сите страуваат од најлошото.

Ако и ова е малку за таборот на Ливерпул и Тиаго Алкантара се жали на повреда по стартот на Ришарлисон во финишот на натпреварот.