И во време на тешка Ковид-19 криза, најверните фанови на Тиквеш не ги оставаат сами своите љубимци. “Лозарите“ секогаш се со играчите на Тиквеш, па така беше и вчера во Росоман кога тимот од Кавадарци, како гостин, успеа да победи со 4:0. Нема што, момците на Раде Цицмиловиќ играат добро, победуваат  и затоа заедно со Брегалница се први на табелата во Втората лига – исток.

А на “Лозарите“, и покрај коронавирусот и потребните мерки за заштита, сепак најважен им е Тиквеш.