Мечот од 9. коло од Црногорскиот шампионат, помеѓу екпите на Будуќност и Зета не го дочека својот крај затоз што гостите од Голубовци во 88. минута од мечот го напуштија теренот и не го соиграа натпреварот.

Причина за тоа, според нив секако е тенденциозното судење на мечот кој инаку во моментот на прекин гласеше со резултат 1:0 за домашните и кој според играчите на Зета воопшто не е регуларен.

Имено, на овој меч тројца нивни играчи се исклучени, Калезиќ, Симовиќ и Крстовиќ. Последниов доби црвен картон во 79. минута, а преостанатите играчи на Зета го напуштија теренот десетина минути подоцна.

Сега, се чека на Фудбаклскиот сојуз на Црна Гора да одлучи како ќе го регистрира овој меч, многу веројатно со службени 3:0, а потоа и да ги најде иницијаторите за прекинот и нормално да ги казни.

Гостите конечно, се бунат односно обвинуваат и за расистички напад од страна на главниот судија на овој меч, Никола Дабановиќ за кого тврдат дека на расна основа го навредил нивниот играч, Африканецот Алфонсо Сопа.

При досудениот пенал (!?), за Будуќност, гостите нормално се побуниле, а судијата му се обратил на Сопа со зборовите „Да ти е… црнецот“.

„Јас го знам цдногорскиот јазик. Тука сум пет години. Затоа и мојот соиграч беше ислучен, затоа што слушна што рече судијата, и се нафрли врз него“ – рече Сопа по мечот.