Реал Мадрид и Барселона вчера во целост ги разочараа своите фанови, беа совладани од Кадиз, односно Гетафе. И двата тима беа поразени со 1-0 пред „Ел Калиско“, кое на програмата е следниот викенд.

Токму ваквата ситуација ги натера новинарите да ја „прочепкаат“ архивата. Најдоа неверојатен податок, цели 17 години не се случи двата тима да бидат поразени пред вечното дерби.

Во 2003 година Реал Мадрид беше совладан од Реал Сосиедад, додека пак Барселона од Депортиво. По овие средби „Ел Калсико“ заврши со резултат 1-1.

По пет одиграни мечеви во Ла Лига, Реал има 10 бода и се наоѓа на лидерската позиција, додека Барса е на петото место со седум бода и меч помалку.