Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека клубот работи на продолжување на договорите на Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу. Договорите на сите тројца истекуваат на крајот на сезоната.

„Овие се многу важни играчи за нас. Мислам дека на ова работат Паоло Малдини, Иван Газидис и Масаро. Има дури и планирани средби со нив, на кои може многу скоро да се постигне договор за нова соработка“, изјавил Пиоли.

Тој е особено импресиониран од Златан, кој ги постигна двата гола за победа од 2:1 над Интер на дербито оваа сабота.

„За Милан е многу важно да има играч како него. Се обидуваме да го извлечеме максимумот од сите“, додаде Пиоли.