Арсен Венгер во својата автобиографија „Мојот живот во црвено бело“ не пиша ниту еден дел за Жозе Мурињо. Тој кратко одговори и зошто, по што следеше реакција на Португалецот.
Предводникот на Тотенхем изјави дека Французинот никогаш не победил на 19-те меѓусебни дуели, па тоа е причината поради која не се најде во неговата автобиографија.
Венгер не премолче и се огласи во јавноста.
„Не ми пречи неговата изјава, тоа е провокација. Кога станува збор за него се чувствувам како да сум во градинка. Но, тоа е дел од неговиот карактер“, рече некогашниот менаџер на Арсенал.