На спортските натпревари и натаму нема да има публика, и покрај барањето на федерациите, како и клубовите. Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница. На предлог на Комисијата за заразни болести одложена е атлетската трка „23 октомври“.

„На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината“, ова е една од точките по кои одлучуваше Владата на седницата.

Ова значи дека забрана за спортски натпревари нема да има, првенствата може да се одржуваат. Најверојатно конечно и од КФСМ ќе излезат со предлог или решение за Првата лига.